Куп-сензација во Арачиново, Работнички елиминиран од третолигаш

Победата на Шкендија Арачиново против Работнички од 2-0 е најголемото изненадување на денешните натпревари од 16-финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.

Третолигашот победата ја најави рано со убавиот гол на Трпески во шестата минута, додека во 86-тат минута Алији го потврди триумфот на арачиновци. Работнички во првата лига нема пораз сезонава, заедно со Шкендија од Тетово се на делба на врвот, но Купот е друга приказна и дебармаалци остана без осминафинале.

Останатите прволигаши го положија тестот. Најубедливи беа Шкупи, кој со 8-0 го декласира Џепчиште, Брегалница, која со 6-0 беше подобра од Слободен, и Струга, која со 6-1 беше подобра од Слога Виница. Тетовската Шкендија со 5-0 го совлада Јени Маале, пет гола даде и Беса против Охрид.

Вардар со 2-0 триумфираше во Новаци, а минимална победа од прволигашите извојува само Пелистер против Скопје од 1-0.

 

- Оглас -

Најнови вести