Барселона утре од 21 часот му гостува на Монако во меч од првото коло во Лигата на шампионите, а на листата на кандидати за настап се најде и Ансу Фати.
Фати нема играно за Барса во ЛШ уште од 1 ноември 2022 година. По повредите и позајмицата во Брајтон, 21-годишниот Фати повторно е во Барселона, го доби дресот со бројот 10, кој пред него го носеше најголемиот во историјата на клубот, Лионел Меси, и конечно е спремен за игра.