Дајте им ја титулата! Јувентус на +16 по гостувањето во Неапол (видео)

Јувентус го доби дербито со Наполи при конечни 2-1 на гостувањето на „Сан Паоло“ во мечот од 26-тото коло во Серија А. Актуелниот италијански првак иако стигна до предност од два гола по првиот дел, Наполи можеше да се избори барем за бод по притисокот кој го вршеше во вторите 45 минути.

Текот на мечот го одреди црвениот картон на Алекс Мерет, голманот на Наполи, по кој Јувентус преку Пјаниќ поведе со 1-0 во 28-та минута, а Џан зголеми на 2-0 во 39-тата минута.

Набрзо по почетокот на второто полувреме, Пјаниќ заработи втор жолт картон, па двете екипи останаа со по десетмина играчи на теренот. Домаќините притискаа за да се вратат во игра, а се исплатеше во 61-та минута, кога Калјехон донесе надеж за Наполи. Во 83-тата минута фудбалерите на Карло Анчелоти пропуштија огромна прилика да изедначат, поточно Инсиње беше трагичарот.

Со помош на ВАР-технологијата, во 83-тата минута Наполи доби пенал кој го направи Алекс Сандро играјќи со рака во казнената зона, но Инсиње го погоди дирекот и резултатот остана непроменет до самиот финиш на дербито. Инсиње има утнато два пенали во Серија А, двата против Јуве.

Јувентус сега има недостижни 16 бода предност на табелата во однос на Наполи, кој остана со 56 бода по овој меч.

https://www.dailymotion.com/video/x73gp2d

https://www.dailymotion.com/video/x73gpjp

https://www.dailymotion.com/video/x73gr0c

- Оглас -

Најнови вести