Ангеловски: Честитки за Фуксе Берлин, загубивме од подобар тим

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин со 22-30.

Тренерот Бранислав Ангеловски призна дека неговиот тим загубил од подобар противник.

„Честитки до Фуксе Берлин за победата и одличната игра што ја прикажаа. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во текот на целиот натпревар и успеа да го искористи нашиот пад во првото полувреме. Имаме уште многу за играње, се надевам дека ќе прикажеме и подобри игри“, изјави Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести