Манчестер сити со кикс на домашен терен го започна настапот во Лигата на шампионите откако одигра само 0-0 против Интер. Сите очекуваше многу подобра претстава од Граѓаните, иако се претпоставуваше дека Интер ќе дојде на „Етихад“ да се брани.
„Игравме многу добро. Ја сакам оваа екипа. Фантастична екипа сме. Тие се бранеа многу добро. Мајстори се за одбрана и транзиција и многу се силни. Ни направија шанса и пол. Навистина е тешко да се направи нешто напред кога се бранат толку длабоко. Многу сум задоволен од настапот на мојата екипа“ рече Гвардиола по ремито против Интер.
На Манчестер сити сега му претстои дерби против Арсенал во Премиер лигата.