Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја прекина прес-конференцијата на домашниот тренер во пресрет на мечот од азиската Лига на шампиони помеѓи Персиб Бандунг од Индонезија и Порт МТИ од Тајланд.
Додека зборуваше тренерот на домашната екипа, Хрватот Бојан Ходак, се започна да се тресе, а изненадувачки, и покрај силниот земјотрес, сите останаа смирени и на своите места.
„Ова е нормално, тоа е само дел од традицијата. Вообичаена работа, не грижете се“, рече Ходак низ смеа.
Земјотресот се случи на индонезискиот остров Јава, но ваквите настани таму се толку чести, што воопшто не им се дава на значење, а луѓето, дури и странците кои играат за тамошните екипи веќе се навикнати.