Веќе со години наназад Лигата на шампионите се играше само во вторник и среда, а четвртокот беше резервиран за второто и третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА, без разлика како тоа се вика, со оглед дека се менуваа и форматите, но и имињата.
Сепак, оваа сезона ќе има преседан, па првото коло од Лигата на шампионите ќе се игра и во четврток, додека Лигата на Европа и Конференциската лига започнуваат веќе следната седмица.
Но, кога последен пат се играло Лига на шампиони во четврток? Тоа се случило во сезоната 2019/2020, односно во онаа пандемиска 2020 година, кога во четвртфиналето се сретнаа екипите на Лајпциг и Атлетико Мадрид. Тогаш победија Германците со 2-1, а интересно, тоа беше прв меѓусебен дуел на овие две екипи, а вечерва повторно ќе играат во Лигата на шампионите и повторно во четврток.