Ѕвезда сонува повторување на мечот од пред точно 40 години (Видео)

Белград, 19 септември 1984 година. На стадионот на Црвена ѕвезда гостуваше Бенфика во меч од Купот на европските шампиони, а тогаш југословенскиот првак го победи португалскиот со 3-2, и тоа со пресврт по водството на лисабонските Орли од 2-0 на полувреме. Јунак беше резервата Рајко Јањанин со три гола.

Белград, 19-ти септември 2024 година. На стадионот „Рајко Митиќ“ точно по 40 години повторно Бенфика гостува кај Црвена ѕвезда во меч од елитното европско натпреварување. Овојпат Ѕвезда е претставник на Србија, а според квотите во обложувалницата Sport Life, гостите се фаворити за победа.

Во Ѕвезда се надеваат на повторување на историјата и нова септемвриска победа над Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести