Нагелсман: Германија ќе биде светски првак во 2026

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, изјави дека голем дел од неговиот „мастер план“ за Светското првенство во 2026 година е да најде „стартен тим со петмина или шестмина најдобри резерви, кои исто така можат да играат квалитетно на турнирот.

„Нема ништо да се добие ако имаш тим А кој ја освојува Лигата на нации, а потоа сите имаат 35 или 36 години и сосема поинаков тим ќе игра на Светското првенство“, рече Нагелсман.

Целта на Нагелсман е да се добие одреден ритам и идеја за тоа што значи да се победуваат натпреварите. Тоа јасно им го кажал на играчите.

„Мораме да ја искористиме секоја минута максимално, тоа е многу важен дел од главниот план. Нема да промениме толку многу играчи бидејќи тимот е многу хармоничен. Сакаме да бидеме светски шампиони. Не сакаме, ќе бидеме светски шампиони! Тоа е голема разлика. Сигурен сум дека можеме да го постигнеме тоа“, заклучи Германецот.

- Оглас -

Најнови вести