Карвахал се приклучи на заканите за штрајк на фудбалерите: Никој ништо не нѐ прашува, а мечеви има сѐ повеќе

Шпанскиот репрезентативец и еден од лидерите во тимот на европскиот и шпански првак Реал Мадрид, Дани Карвахал, им се приклучи на фудбалерите кои јавно истакнаа дека се подготвува штрајк, преку кој играчите ќе го изразат своето незадоволство од сѐ поголемиот број натпревари во текот на седна сезона.

„Има премногу натпревари во текот на сезоната и сигурно е дека штрајкот е опција која ние играчите ја разгледуваме. Никој не нè прашува за ништо и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал за популарната радиоемисија во Шпанија.

Минатата сезона Реал Мадрид одигра 55 натпревари, а оваа поради новиот формат на Светското клупско првенство и на Лигата на шампионите би можело да одигра и над 70 натпревари. Ако на тоа се додадат и натпреварите кои Дани Карвахал ги одигра за репрезентацијата на Шпанија во една сезона, дури 18 натпревари, јасно е зошто тој е најновиот играч кој изрази огорченост поради преголемиот број натпревари.

- Оглас -

Најнови вести