Македонскиот прволигаш Беса се одлучи за промена на тренерската позиција. Раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Александар Таневски.
Таневски успеа да направи историски успех и да го внесе тимот во елитата, но стартот на сезоната во прволигашка конкуренција очигледно дека сепак не е според вкусовите на сопствениците на клубот.
Беса претстојниот викенд на домашен терен ќе го пречека Пелистер во шестото коло од Првата фудбалска лига.