Шпанскиот ветеран Давид Вилја со голот во дресот на Висел Кобе во јапонската Џеј лига ја отвори својата „сметка“ на постигнати голови во Азија. Вилја, кому соиграчи му се Лукаш Подолски и Андрес Иниеста, погоди за победа на Висел од 1-0 над Саган Тосу и ова е негов прв гол на азискиот континент.
Според статистичките податоци, 37-годишниот Вилја има постигнато голови на сите континенти каде што се игра фудбал. На некои континенти тој давал голови како репрезентативец на Шпанија, на некои како играч на клубовите во коишто играл, а има и континенти каде што давал голови и на клупска и на репрезентативна сцена.
Вилја е можеби единствениот фудбалер на светот кој дал барем по еден гол во Европа, Азија, Африка, Океанија, Северна Америка, Средна Америка и Јужна Америка. И сите голови беа на мечеви од официјален карактер заведени во ФИФА, без разлика што некои се пријателски, како оној помеѓу Костарика и Шпанија, кога тој го постигна единствениот гол во Средна Америка.
Љубителите на фудбалот на шега велат дека Вилја треба да оди и на ледениот Антарктик да му шутне пенал на некој пингвин, па и овој континент да го стави на листата на континенти на коишто давал голови.
Ова е првиот гол на Вилја во јапонската лига: