КФСМ: Ќе бидат преземени сите мерки и ќе ги казни виновниците за инцидентот на пријателскиот натпревар ТФТ-Чаир 2030

Пријателскиот меч меѓу ТФТ Скопје и Чаир2030, кој денеска се играше во СРЦ Кале, не го дочека крајот. На две минути пред завршување на средбата, по еден старт на кошаркар на ТФТ Скопје, гостите од Чаир бурно реагираа, а потоа започнале и навреди од навивачите кои биле на трибините.

Потоа се случил немил настан, по кој со реакција се јавија и од Македонската кошаркарска репрезентација, а ви го пренесуваме во целост:

„Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот, кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица.

За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побара во текот на утрешниот ден  да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар.

Освен тоа свое видување, во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки.

По вторпат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра.“

- Оглас -

Најнови вести