Барселона шокирана во Монако, Атлетико победи со гол во 90 минута (Видео)

Барселона лошо стартуваше во Лигата на шампиони откако со 2:1 загуби на гостувањето кај Монако. Речиси цел меч Барселона играше со фудбалер помалку откако црвен картон во 11 минута доби Ерик Гарсија.

Монако ја искористи бројчаната предност и поведе со 1:0 и тоа само пет минути откако Барселона доби црвен картон.

Ламин Јамал израмни во 28 минута, гол со кој 17-годишниот тинејџер стана вториот најмлад стрелец во историјата на Лигата на шампиони.

Сепак, Барселона не издржа во второто полувреме со играч помалку и Монако со гол во 71 минута стигна до нова предност, овојпат од 2:1 што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Со 2:1 победи и Атлетико Мадрид против Лајпциг. Гостите од Германија први дадоа гол преку Шешко, но Атлетико по кој знае кој пат покажа дека на домашен терен е многу опасен и никогаш не се предава. Гризман израмни на 1:1 во 28 минута, а во последната 90 минута Хименес со глава погоди за 2:1 и комплетирање на пресвртот. Во 83 минута кај Лајпциг во игра влезе Елиф Елмас.

Брест стигна до историски триумф во ЛШ и тоа на домашен терен против Штурм, победувајќи со 2:1.

Аталанта и Арсенал одиграа без голови, а домаќините може да жалат што не се радуваа откако во 51 минута промашија пенал.

- Оглас -

Најнови вести