Како изгледа табелата по комплетното прво коло во ЛШ? (Фото)

Новиот револуционерен формат во Лигата на шампиони започна и во три дена се одиграа сите 18 мечеви од првото коло. Прв пат во елитната лига на УЕФА има една огромна табела во која се дури 36 екипи.

Според правилата, секој тим ќе одигра по осум натпревари, а на крајот, најдобрите осум на табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето. Екипите кои ќе завршат од деветото до 24 место ќе играат бараж за пласман во осминафиналето на ЛШ, а тие кои ќе бидат од 25 до 36 место ќе го завршат евронастапот.

Според резултатите од првото коло, Баерн Минхен е лидер на табелата и тоа поради рекордната победа од 9:2 над Динамо Загреб. Убедливи победи имаа и Селтик, Баер Леверкузен, Астон вила, Борусија Дортмунд и Спарта Прага па тие се при врвот на табелата.

Победи со разлика поголема од еден разлика забележаа и Ливерпул, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг. Ова е табелата по првото коло, но има уште седум долги кола по кои ќе се знаат најдобрите екипи во оваа прва лигашка табела во новиот формат од натпреварувањето во Лигата на шампиони

- Оглас -

Најнови вести