Тинејџерот од Монако кој го засени Јамал, има два гола во ЛШ, двата против Барселона (Видео)

Нигерискиот тинејџер Џорџ Иленикена, кој е роден во 2006 година, му донесе победа на Монако против Барселона и беше прогласен за играч на натпреварот.

Иленикена со 18 години и 34 дена стана најмладиот стрелец во ЛШ за Монако, надминувајќи го досегашниот редкорд на Килијан Мбапе (18 дена и 63 дена). Ова му беше прв гол во дресот на Кнезовите, на кои им се придружи летово со трансфер вреден 20 милиони евра од Антверп.

Интересно е дека Иленикена и лани даде гол против Барса, тогаш во дресот на белгискиot Антверп, и ова му се единствени два гола во кариерата во ЛШ. Очигледно Барса му лежи, а и на Монако му лежат Каталонците. Неодамна Монако ја совлада Барса со 3-0 на нејзин стадион на „Трофејот Гампер“.

Ова е голот со кој Иленикена му донесе три бода на Монако:

- Оглас -

Најнови вести