Петте денешни предлози на Sport Life за квоти на денот се многу интересни бидејќи прават вкупен коефициент од 77.77. За многумина бројот 7 е среќен и можеби овие седумки ќе ги заинтригираат да ги уплатат петте Квоти на денот.
Првиот предлог е да уплатите дека Каљари нема да загуби дома од Емполи, но и дека двата тима ќе постигнат гол. Оваа комбинација носи привлечна квота од 2.50.
За дуелот на Аугсбург и Мајнц, квотата на денот е 1.95, и тоа за играта дека во двете полувремиња ќе паднат од еден до три гола.
Потоа следува голема квота од 2.65 за победа на Ница против Сент Етјен, во меч на кој треба да паднат два до четири гола.
Четвртата квота е за мечот Стоук – Хал, предлогот да типувате дека во прво полувреме ќе има барем еден, а на крајот на средбата три или повеќе голови. Квотата е 2.15.
Крајот го краси делото, квота од 2.80 за Алавес – Севилја, а за да биде добитна, треба двата тима да дадат гол и во двете полувремиња да падне барем по еден погодок.