Италијанскиот калчолигаш Милан не ја почна најдобро новата сезона, ниту во Серија А, ниту во Лигата на шампионите. Актуелниот тренер Пауло Фонсека е пред отказ и би можело да го добие веќе овој викенд доколку Росонерите го загубат градското дерби против Интер.
Првиот оперативец Златан Ибрахимовиќ веќе одбрал негов наследник. Станува збор за Игор Тудор. Хрватскиот стратег е без ангажман откако доби отказ од Лацио на крајот од минатата сезона.
Покрај Тудор, во италијанските медиуми се споменуваа и Един Терзиќ, Томас Тухел, Маурицио Сари и Масимилијано Алегри. Сепак, Игор Тудор е „избраниот“ и веќе постигнал договор со Ибрахимовиќ да пристигне на „Сан Сиро“.