Легендарниот голгетер Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа колку е голема неговата самодоверба. Популарниот Ибра, кој за неколку дена ќе наполни 43 години, а неодамна се пензионира од активното играње, вели дека е убеден дека ако се врати на теренот, повторно ќе биде голема закана за противничките голмани.
„Можам да играм во последните 20 минути на секој меч. За толку време поминато на теренот на секој меч, во текот на една сезона би постигнал меѓу 15 и 20 гола. Ако имам уште 10 минути плус поминато на теренот на секој натпревар, бројката на голови кои би ги постигнал може да дојде и до 30 во една сезона. Во тој период од играта противниците се веќе заморени, а јас тогаш ќе започнувам свеж. Тоа се прости факти, а не его“, вели Ибрахимовиќ, кој сега работи како спортски директор во Милан.
Ибрахимовиќ во кариерата одигра 988 меча на клупско и репрезентативно ниво, а постигна вкупно 573 голови.