Во викендот кој следи започнуваат популарните Детски лиги низ цела Македонија, а ќе има една непопуларна новост. Координаторот во ФФМ за овие лиги, со мејл до сите клубови, кои се натпреваруваат во овие лиги, ги информирал дека на натпреварите не смее да има гледачи.
Тоа значи дека мечевите на кои ќе играат најмладите нема да има гледачи, нема да смеат да ги гледаат ниту нивните родители, роднини и пријатели.
Во изминативе неколку месеци на дуелите од детските лиги имаше неколку немили инциденти, односно тепачки на трибините, но зарем тоа треба да биде пресудно да се забрани секакво присуство на гледачи, кога играат најмладите.
Ако од ФФМ со оваа одлука да нема гледачи признаваат дека не може да обезбедат безбедност кога играат најмладите, што тогаш треба да се очекува за дуелите од Прва или Втора фудбалска лига на Македонија.