Дивац објасни за својата најголема грешка, зошто на НБА драфтот не го зеде Лука Дончиќ во Сакраменто

Легендарниот Владе Дивац беше еден од првите европски кошаркари кои изградија кариера во НБА лигата.

Подоцна доби доверба од Сакраменто Кингс да стане нивен генерален менаџер.

Сепак, неговото создавање на тимот на Кингс не беше успешно, и ќе остане запаметен во историјата како некој кој на НБА драфтот, наместо Лука Дончиќ, го избра грчкиот центар Јоргос Папајанис, кој ова лето премина од Фенербахче во Монако.

Сега Дивац објасни зошто ја донел таа одлука.

„На таа позиција го имав Де’Арон Фокс, кого го драфтував една година порано. Во тој момент сметав дека Фокс е играч кој во наредниот период може да стане ѕвезда на франшизата. Времето ќе покаже дали погрешив. Како што сега изгледа, можеби и погрешив, но верувам дека Фокс ќе има подобра кариера“, изјави Дивац.

„Фокс е плејмејкер на кој му е потребна топката, исто како и на Лука. Можев да го земам Лука, но тогаш ќе требаше да го трејдувам Фокс. Интересно е што и Феникс го прескокна Лука, а тогаш тренер им беше Игор Кокошков, кој му беше тренер и во репрезентацијата на Словенија. Атланта го избра, но и таа го предаде, Далас го зеде дури потоа. Сакам да го гледам Лука, многу ја сакам неговата кошарка, но имав свои причини за тоа што одлучив така. Можеби погрешив, времето ќе покаже“, признава кошаркарската легенда.

- Оглас -

Најнови вести