Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, минатата сезона направи вистинска сензација со тимот и ја освои двојната титула во Германија. Тој се истакна како еден од најдобрите млади тренери во светот, но и покрај интересот од неколку големи европски клубови, одлучи да остане на кормилото на Баер Леверкузен.
Се шпекулира дека оваа одлука е донесена во координација со Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Алонсо има договор со претседателот на клубот, Флорентино Перез, според кој следното лето ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како нов тренер на Кралевите.
Анчелоти ја минува последната сезона во Реал Мадрид, а се очекува Чаби Алонсо да го наследи следното лето.
Заедно со Чаби Алонсо, се верува дека ќе пристигне и Флоријан Вирц, кој веќе е една од ѕвездите на германскиот и на европскиот фудбал.