Славниот Диего Коста предизвика тепачка на младински натпревар во Бразил (Видео)

Славниот Диего Коста од оваа сезона е дел од бразилскиот Гремио, но настапува само за екипата до 20 години, се со цел да се врати во посакувана форма после тешката повреда. Иако има 35 години, правилата му го дозволуваат тоа, но темпераментниот бразилец успеа да се истепа и во младинската лига.

На мечот помеѓу екипите до 20 години на Гремио и Хувентуд дојде до инцидент во 53-тата минута, а главен иницијатор беше токму Диего Коста. Причина за инцидентот беше остриот старт на противничкиот фудбалер, па следува бурна реакција од поранешниот шпански репрезентативец.

https://twitter.com/epicredcards/status/1836834177456460170?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1836834177456460170%7Ctwgr%5E87b17b75321cf7e1f9eaeecc8b40fe7afc816c64%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-diego-costa-35-se-potukao-na-utakmici-u20-momcadi%2F2600272.aspx

Диего Коста иако е роден во Бразил и одигра два натпревари за „кариоките“, сепак, потоа одлучи да настапува за Шпанија. Во својата богата кариера беше дел од Брага, Пенафил, Атлетико Мадрид, Селта, Албасете, Ваљадолид, Рајо Ваљекано, Челзи, Атлетико Минеиро, Вулверхемптон и Ботафого.

- Оглас -

Најнови вести