Компани прави чуда со Баерн, поставен нов клупски рекорд по бројот на дадени голови

Баерн Минхен е немилосрден на почетокот од сезоната. Германскиот гигант одигра шест меча во три различни натпреварувања и на сите победи. Не само што победува, туку Баерн тоа го прави на убедлив начин.

Во четирите кола од Бундеслигата, Баерн има гол разлика од 16 дадени и само три примени гола. Во првото коло од домашниот куп победи со 4:0 над Улм, а најубедливата победа ја имаше на стартот од Лигата на шампиони кога со неверојанти 9:2 славеше над Динамо Загреб.

На тренерската позиција во Баерн Минхен од летоска е поставен Винсент Компани. Тоа е тренерот кој минатата сезона немаше голем успех и со Барнли испадна од Премиер лигата. И покрај тој неуспех, Баерн реши да го ангажира и да му даде шанса, која засега Белгиецот одлично ја користи.

Со 29 постигнати голови во првите шест натпревари од новата сезона, Баерн постави клупски рекорд. Никогаш претходно, откако е формирана Бундеслигата, Баерн немал постигнато 29 погодоци во стартните шест офциијални дуели (речиси пет гола во просек по дуел).

- Оглас -

Најнови вести