Хорор повреда на меч во Серија А (Видео)

Венеција се израдува на првата победа по враќањето во Серија А, откако со 2:0 ја победи Џенова. Сепак, овој триумф на Венеција остана во сенка на тешката повреда која ја заработи Руслан Малиновски.

При една интеревенција пред сопствениот гол, Малиновски успешно ја исфрли топката, но иако нема контакт со ниту еден друг играч, тешко се повреди.

Малиновски заработи скршеница на зглобот на десната нога. Голема беше болката на фудбалерот, кој со помош на лекарската екипа беше изнесен од теренот, а повеќе од јасно е дека го чека и долга пауза.

- Оглас -

Најнови вести