Интер Мајами ремизираше 1:1 на гостувањето кај Њујорк сити, во меч од 30 коло на МЛС шампионатот во САД. Интер беше на прагот на победа, но и со освоениот бод, тимот предводен од Лионел Меси останува убедлив лидер на табелата.
Токму Меси ја започна акцијата по која Жорди Алба асистираше на Кампања за гол со кој гостите поведоа со 1:0.
https://twitter.com/i/status/1837579091672760716
Интер водеше со последните секунди од мечот, кога во 90+5 минута Џејмс Сандс израмни на 1:1.