Ендрик на најоригинален начин изнуди пенал за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид убедливо со 4:1 го победи Еспањол во меч на кој сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Гостите од Барселона први погодија, но потоа следуваше фуриозна игра на Реал Мадрид, кој на крајот стигна до убедлива победа.

Од сите погодоци, послебно интересна беше ситуацијата по која Кралскиот клуб доби пенал. Младиот Ендрик освои една топка покрај корнер знаменцето и тргна во продор кон противничкиот гол. Еден од дефанзивците на Еспањол почна со раце да го држи и влече Ендрик, но тинејџерот покажа инает и умешност да остане на нозе и да продолжи напред.

Кога стигна пред шеснаесетникот, Ендрик кој постојано беше држен и влечен од противникот, буквално се фрли во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал за Реал Мадрид. Килиајн Мбапе погоди за 4:1 во 90 минута што беше и конечен резултат на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести