Мурињо вакво нешто нема доживеано во кариерата: Галатасарај му го промени прекарот на „специјалниот“ (Фото)

Екипата на Галатасарај успеа да го победи Фенербахче со 1-3 на гостински терен и сега има пет бода предност пред најголемиот ривал во турското првенство. Но, од екипата на Галатасарај после натпреварот одлучија да го пецнат Мурињо, кого во Европа го нарекуваат „The special one“ или „специјалниот“, па на социјалните мрежи објавија негова слика од натпис „The crying one“ или „плачкото“.

Ваквиот потег веројатно се однесува на изјавите кои Мурињо ги дава во турските медиуми, но и однесувањето на португалецот за време на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести