Во изминативе неколку сезони, ВАР технологијата помага на судиите околу многу сомнителни ситуации или моменти кои не успеале да ги забележат, па со проверка на повторената снимка да донесат вистинска одлука.
Во Турција, беше одигран пријателски меч меѓу Ескишехир и Едремитспор, на кој очекувано немаше ВАР поддршка. Во еден момент се случи спорна ситуација, а судијата сакаше да донесе вистинска одлука, но едноставно немаше каде да погледне повторена снимка.
Тогаш од трибините се појави човек кој на својот мобилен телефон ја снимил спорната ситуација и се понуди да му помогне на судијата. Со помош на мобилниот телефон, арбитарот успеа повторно да ја види спорната ситуација и по проверката, покажа дека има пенал. Бидејќи се работеше за пријателски натпревар, никој од актерите на теренот не се бунеше премногу за оваа неочекувана помош што судијата ја искористи во момент кога немаше ВАР технологија.
Düşük bütçeli VAR!
Eskişehirspor – 1966 Edremitspor arasında oynanan hazırlık maçında hakem, tribünden telefonla çekilen görüntüyle VAR'a gidip, penaltı kararı verdi. pic.twitter.com/PazNPxd3jL
— Aykırı (@aykiricomtr) September 20, 2024