Белингам го очекува суспензија: Камерите го снимија како го навредува судијата (Видео)

Реал Мадрид го победи Еспањол со 4-1 на домашен терен во меч од шесттото коло на Ла Лига, а најголемо внимание од овој натпревар привлече пеналот над Ендрик, кој очигледно беше надвор од шеснаесетникот. Сепак, навивачите на Барселона, кои се главни на социјалните мрежи во критиките кон „кралскиот“ клуб и судиите, сега извадија ново видео, во кое се гледа како Џуд Белингам го навредува судијата.

Во 82-рата минута пожолтеа Винисиус и Белингам, поради постојано протестирање на судиските одлуки, а камерите го снимија англискиот репрезентативец како му вели на судијата „ти си го*но“. Белингам речиси сигурно ќе биде тема и на дисциплинската комисија на Ла Лига, па може да се очекува дека ќе заработи суспензија поради навреди упатени кон главниот судија, Монтеро.

- Оглас -

Најнови вести