Анчелоти: Бевме подобри од Јуве во игра „10 на 10“

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, смета дека исклучувањето на голманот Алекс Мерет било спорно и покрај прегледувањето на видеотехнологијата, а откако и противникот останал со десетмина играчи, „наполитанците“ биле подобри.

„Спорно е исклучувањето. Мерет не го ни допре Роналдо, но беше казнет за обидот. Треба да се има предвид и кон каде одеше топката. Кристијано можеби и немаше да ја стигне топката, одеше кон корнер-знаменцето. Случајот требаше да биде подетално разгледуван со ВАР технологијата. Тој црвен картон го смени мечот. Единствените грешки ни беа позицијата на живиот ѕид при слободниот на Пјаниќ и што не го чувавме Емре Џан за вториот гол“, изјави Анчелоти.

Анчелоти, кој е некогашен тренер и на Јуве, призна дека „старата дама“ е најсилен тим во Серија А, во ниту еден момент не им дозволиваат на противниицте да им се доближат на врвот, а и покрај тој факт, им дале добар отпор.

„Пријатно сум изненаден колку бевме подобри од Јувентус кога по црвениот на Пјаниќ, се играше 10 на 10. Докажавме дека имаме квалитет, треба повеќе да веруваме во себе. Јувентус има менталитет, организација и силни индивидуалци, ние повеќе сме кон техничката игра“, додаде Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести