Челзи без многу проблеми со 3:0 го победи Вест хем во малото лондонско дерби, а иако немаше резултатска неисвеснист, на теренот не изостанаа тензиите. Во центарот на скандал се најдоа Мексиканецот Едсон Алварес од Вест хем и ѕвездата на Челзи, Енцо Фернандес.
По постигнување на третиот гол на Челзи, Алварес нервозно тргна кон стрелецот на голот, Енцо Фернандес. Веднаш во мешаницата се приклучи и Енцо Фернандес, па следуваше вербален конфликт, а Алварес му се закани на Аргентинецот дека ќе го уби. Заканата била упатена на шпански јазик, а иако Мексиканецот ја покрива устата со рака, читачите од усни успеале да дешифрираат.
„Ќе те чекам, ќе те убијам пред стадионот, каде сакаш“, е заканата од Алварес, според „Диарао Оле“. Енцо без многу вознемирување само возвратил „Те чекам“.
Edson Alvarez reportedly threatened Chelsea and Argentina midfielder, Enzo Fernandez, during yesterday’s Premier League game:
“I’ll wait for you. I’ll kill you outside, wherever you want.”
Via @DiarioOle pic.twitter.com/Pq4ojul4Y7
— Frank Khalid OBE (@FrankKhalidUK) September 22, 2024
За ваквите закани, фудбалерот на Вест хем може да добие и жестока казна од надлежната комисија на Премиер лигата.