Црногорецот во стилот на Луис Суарес, го изгриза противникот (Видео)

Дуелот од англиската Чемпионшип меѓу Престон Норт Енд и Брекбурн роверс заврши без голови, но имаше по еден црвен картон на двете страни. Најпрво пред крајот на првото полувреме домаќините останаа со играч помалку, а во 89 минута гостинскиот играч Овен Бек остро стартуваше врз еден противник и тоа без топка, па судијата го исклучи.

Неспортскиот потег на Бек ги налути домашните играчи кои бурно реагиаа, а најжесток беше црногорскиот интернационалец Милутин Осмајиќ кој, според тоа што се гледа на снимката, буквално го изгриза противникот. Овој потег на Осмајиќ потсети на легендарното гризење на Светското првенство во 2014 година, кога Луис Суарез го повреди Џорџо Кјелини на дуелот Уругвај – Италија.

- Оглас -

Најнови вести