Судиското продолжение од натпреварот во Кавадарци донесе немили сцени. Домашните навивачи незадоволни затоа што на Тиквеш му беше поништен гол поради офсајд ситуација, со тврди предмети го погодија Гоце Петрески, асистентот на Александар Ставрев, па интернационалниот судија со знакот на ФИФА веднаш досуди прекин на натпреварот, иако се работеше за 96.минута.
Но, официјално, мечот е прекинат, тука многу работа ќе имаат и Натпреварувачката и Дисциплинската комисија на ФФМ.
Речиси сигурно е дека Вардар ќе го добие натпреварот со службен резултат 0:3, а за Тиквеш ќе следуваат и големи казни, веројатно суспензија на стадионот, можеби и одземање на бодови.
Вардар од 72.минута имаше водство од 0-1, со прекрасниот гол на Горан Закариќ.