Арсенал во последните мигови од судиското продолжение испушти голема победа на „Етихад“ против Манчестер сити. Дефанзивецот Џон Стоунс во 97-та минута постигна гол за израмнување и конечни 2-2, откако Арсенал цело полувреме играше со десетмина по исклучувањето на Тросар на самиот крај од првото полувреме.
Ерлинг Халанд во деветтата минута донесе водство за Манчестер сити, но израмни Рикардо Калафиори во 22-тата минута со својот прв гол во дресот на Арсенал во Премиер лигата.
Габриел во 45-та минута постигна втор гол за Арсенал, но потоа Тросар доби втор жолт картон и беше исклучен.
Во второто полувреме постојано се играше пред шеснаесетникот на гостите, а Џон Стоунс буквално го последните мигови успеа да постигне гол за 2-2.