Рома тргна победнички со новиот тренер (Видео)

Рома го промени тренерот, а тоа донесе шок терапија за тимот кој успеа да оствари убедлив триумф на домашен терен против Удинезе славејќи со 3-0. Иван Јуриќ го презеде кормилото од Даниеле де Роси, а римскиот тим му го нанесе првиот пораз на Удинезе во новата сезона.

За Рома тоа е всушност и првата победа оваа сезона во Серија А.

Артем Довбик во 19-тата минута донесе предност за Рома, а Пауло Дибала на почетокот на вториот дел реализираше пенал. Третиот гол беше дело на Томасо Балданзи во 70-тата минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести