Инзаги бесен по дербито: Интер не функционираше како тим

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше видно разочаран по поразот од 1-2 во дербито против Милан. Тој призна дека неговиот тим играл слабо и дека ако продолжат со ваква игра, ги очекува тежок период.


Инзаги истакна дека Милан заслужено победил бидејќи Интер не успеал да функционира како тим. И покрај обидите за корекции, тие не вродиле со плод.

Тој ја презеде одговорноста за слабата игра и нагласи дека поразот е особено болен, бидејќи веќе загубиле многу бодови оваа сезона.

„Донесовме многу погрешни одлуки на теренот и со и без топка. Примените голови го потврдуваат тоа. Требаше да одиграме многу подобро и одговорноста е моја. Во ниту еден момент не личевме на тим кој е подготвен за дербито. Во последните три години тоа се случуваше многу ретко. Веќе загубивме многу бодови, а овој пораз е особено болен“, истакна Симоне Инзаги.

- Оглас -

Најнови вести