Навивач на Ливерпул по три години чекање, ѝ се одмазди на жена му која навива за Манчестер ј.

Една неверојатна приказна доаѓа од Норвешка, каде што во главни улоги се двајца сопружници, кои се во „навивачка војна“ затоа што едниот навива за Манчестер јунајтед, а другиот за Ливерпул. Извесен Ларс Питер Данијелсен е голем фан на Ливерпул, а е оженет со Лин Сатер, која е навивачка на Манчестер јунајтед.

Во 2021 година Лин го изненадила својот маж откако на хаубата од нивниот автомобил ставила огромен стикер со амблемот на Манчестер јунајтед. Ларс цели три години чекал да се одмазди и конечно дочекал.

Во период кога неговата сопруга била на патување во Осло, Ларс решил на кровот од нивната куќа да ги постави буквите ЛФЦ, кои се заштитен знак за Ливерпул. Кога Лин се враќала дома, пилотот на авионот и сигнализирал на жената да погледне низ прозорецот и да ја види куќата.

Жената била збунета кога видела. „Што? Идиот! Нема да остане ова вака. Во следните три години ќе подготвам контраодмазда затоа што на Ларс му било потребно толку време за ова. Не сакам да направам ништо набрзина. Мора да биде нешто големо“, рекла Лин.

- Оглас -

Најнови вести