Ѓоревски: Целта на МЗТ е одбрана на трофеите во домашното првенство и враќање во АБА 1

Нова сезона и нов атак на трофеи е планот на извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски. Според првиот човек на актуелниот првак на Македонија, аеродромци имаат цел да ги одбранат трофеите кои ги освоија минатата сезона во првнството и во Купот, но и конечно клубот да се врати во регионалната АБА 1 лига.

„По долги години, МЗТ Скопје има генерален спонзор во името на ‘Мтел’. Имавме добро мирно лето. Сите желби околу играчкиот кадар ги задоволивме. Амбициите на клубот како и секоја година така и оваа година остануваат исти. Оваа година поголем фокус ќе дадеме на АБА-лига, односно враќањето во АБА1. Како шампион на Македонија, МЗТ заслужува да биде дел од елитното регионално друштво.

На домашна сцена МЗТ првиот меч ќе го има в сабота против Пелистер во Суперкупот, а Ѓоревски токму тогаш го очекува и освојувањето на првиот трофеј во новата сезона.

„На домашната сцена МЗТ е главен претендент за освојување на трофеите. Како клуб доволен мотив и показател дека сме во правилна насока е продолжувањето на соработката со сите наши помагатели од претходната година, плус додадовме нови спонзори. В сабота играме против Пелистер и не криеме дека нашиот план е да го освоиме тој трофеј“, вели Ѓоревски.

- Оглас -

Најнови вести