Касано повторно удри по Роналдо: „Може да даде и 3.000 гола, но пак нема да знае да игра фудбал“

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано и по заминувањето во пензија останува во центарот на вниманието на фудбалската јавност, но сега со изјавите кои ги дава. Очигледно не е баш и најголемиот фан на Кристијано Роналдо, а тоа се гледа и од изјавите кои ги дава.

„Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал. Може да даде и 3.000 гола, баш ми е гајле. Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарес знаеја како да се вклопат во екипата и да соработуваат со соиграчите. Тие знаат многу повеќе од Роналдо, кој од секогаш имал цел само да постигнува голови. Никогаш не го интересира дали неговата екипа победува или губи, битно му е само да дава голови“, рече Касано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести