Тениски „земјотрес“ во најава, Федерер би можел да се врати на терен!

Агентот на Роџер Феререр, Тод Годсик, најави дека славниот швајцарски тенисер би можел после две години од пензионирањето пак да се врати на терен.

Федерер би играл на егзибициски меч против Рафаел Надал, што би било простување на Шпанецот од активното играње тенис.

„Мислам дека нема дилеми околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да соработуваат, тоа би било одлична приказна“, изјави Годсик.

Последен пат Надал и Федерер одиграа егзибициски меч меѓусебе во 2020 година, кога во Јужна Африка беше приреден вистински спектакл. Федерер кариерата ја заврши на Лејвер купот во 2022.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести