Хаос се случувал по завршувањето на белградското дерби кое Црвена ѕвезда го доби со историски највисоки 4-0 на гостување кај најлутиот ривал.
Виден е прв хеттрик дури по 56 години, а тренерот на Црно-белите, Александар Станојевиќ, мина најлошо од револтот на фановите.
Најпрвин кон него беше фрлен топовски удар додека го напушташе теренот и му беше ставено јасно до знаење дека бараат да си замине.
Станојевиќ на прес-конференцијата се појави со видливи повреди на главата. Тој објасни дека настрадал од парчиња стакло кои летале низ соблекувалната откако биле демолирани стаклата од соблекувалната.