Луис Енрике: Штета што Мбапе замина во Реал Мадрид

Килијан Мбапе беше ѕвезда на летниот преоден рок откако по шест сезони играње во Пари Сен Жермен, реши да си замине и се пресели во Реал Мадрид. Францускиот голгетер во Реал дојде како слободен играч, па Кралевите не платија ниту едно евро за оштета.

Мбапе од ПСЖ си замина во лоши односи со челниците на клубот, па дури и ги тужеше и го доби спорот според кој Светците треба да му исплатат дополнителни 55 милиони евра.

Освен со управата на ПСЖ, се коментираше дека Мбапе во последните неколку месеци беше во лоши односи и со тренерот Луис Енрике. Сепак, шпанскиот тренер тоа сега го демантира и вели дека му е жал што во составот нема играч како Мбапе.

„Килијан е одличен играч и прекрасна личност, каква тешко дека ќе пронајдете кога зборуваме за фудбалски квалитет. Одличен играч, навистина штета што замина во Реал Мадрид“, беше коментарот на Енрике, кој е познат и како фан на Барселона, клуб во кој осум години настапуваше како играч, а три години работеше како тренер во каталонскиот гигант.

Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, во кои постигна 256 погодоци и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести