Се појави снимка од инцидентот по кој беше повреден тренерот на Партизан (Видео)

Партизан го претрпе најтешкиот пораз на свој терен од вечниот ривал Црвена Ѕвезда откако загуби со 0:4, во 174 белградско дерби. По завршување на дуелот, навивачите на Партизан беа гневни поради дебаклот на нивниот омилен тим.

Дел од фановите се собраа пред соблекувалната на Партизан, започнаа да тропаат по прозорите и да скандираат против тренерот Александар Станојевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BUTASPORT.RS (@butasport.rs)

„Станоје оди си“, „Ги предаде Гробарите“, „Го продаде клубот Станоје“, беа дел од скандирањата на навивачите, кои потоа беа многу пожестоки и искршија дел од прозорите, а најтешко помина токму тренерот Станојевиќ кој заработи неколку исеченици по лицето.

- Оглас -

Најнови вести