Фудбалерите на Фенербахче го загубија големото дерби против Галатасарај со 1-3 на домашен терен и сега имаат дури пет бода заостанување зад најголемиот ривал за титулата.
Жозе Мурињо по натпреварот на „Шукру Сарачоглу“ бил бесен на своите играчи, па дури и им се заканил дека ќе си замине од Фенербахче.
„Мурињо ја собра целата екипа и ги заклучи во соблекувалната. Викал пред големиот екран на кој им ги покажувал грешките, а потоа им рекол: ‘Дојдов тука за да бидам шампион. Ако повторно видам ваков натпревар, јас ќе си одам од клубов’“, пренесува турскиот новинар, Серџан Хамзаоглу.
https://twitter.com/futbolarena/status/1838251231765999983?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1838251231765999983%7Ctwgr%5Eba72137a0c2ababc3d66f80b66da11b6f8f722ef%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fmourinho-se-nakon-poraza-derao-na-livakovica-i-suigrace-zaprijetio-odlaskom%2F2600901.aspx