Играчите на Црвена ѕвезда имале бонус за победа, но и за секој гол во мрежата на Партизан

Црвена ѕвезда го декласира Партизан во 174-тото вечно дерби со 0-4 на гостински терен, а фудбалерите за оваа победа ќе бидат богато наградени. Претседателот на Црвено-белите, Звездан Терзиќ, им ветил бонус за победа, но и за секој гол во мрежата на противникот.

„Ова е игра и резултат кои долго ги чекавме, но еве ги дочекавме. Се гледа разлика во класи помеѓу Sвезда и Партизан. Секоја чест за играчите и стручниот штаб. На состанокот им реков дека имаат премија за победа, но и дополнително за гол-разлика. Сакав што е можно поубедлива победа“, вели Терзиќ.

Првиот човек на Црвена ѕвезда во еуфорија по победата најави дека неговата екипа во иднина ќе биде уште посилна.

„Покажавме дека повеќегодишната работа се исплати. Потврдивме дека имаме голем квалитет кој допрва ќе дојде до израз. Навивачите може да бидат горди на спектакуларната победа во вечното дерби. Убеден сум дека Црвена ѕвезда никогаш немала помоќна, пред сè, физички моќна и квалитетна екипа, која има сили да се спротивстави и на најголемите екипи во Европа. Сакам да играме со најдобрите, сакам тука да ги донесам најголемите клубови“, додава Звездан Терзиќ.

- Оглас -

Најнови вести