Хет-трик на Нкунку, убедлива победа на Челзи, триумф и за Манчестер сити во Карабао куп

Челзи и Манчестер сити се пласираа во следната рунда од Карабао купот откако остварија победи на домашен терен. Челзи имаше полесна задача бидејќи на „Стемфорд бриџ“ го пречека нисколигашот Бароу и славеше со 5-0.

Нкунку беше стрелец на три гола на овој натпревар, еден гол постигна Педро Нето, а Фарман си даде и автогол.

Манчестер сити на „Етихад“ со 2-1 го совлада Вотфорд. Жереми Доку уште во петтата минута донесе предност за тимот на Пеп Гвардиола, а Матеус Нуњес зголеми на 2-0 во 38-та минута. Вотфорд постигна гол за надеж во финишот преку Том Инс, но, сепак, триумфот им припадна на домашните фудбалери.

Лестер на пенали (0-3) го победи Волсол на гости, откако во регуларниот тек немаше голови, а Астон Вила славеше со 1-2 против Вајкомб.

- Оглас -

Најнови вести