Реал Мадрид водеше 3-0, а на крајот се тресеше дали ќе победи (Видео)

Реал Мадрид за малку ќе направеше „од готово вересија“ на мечот против Алавес (3-2) на домашен терен. Кралскиот клуб имаше водство од 2-0 на полувремето, потоа постигна и трет гол, и сите помислија дека тоа ќе биде рутинска и убедлива победа.

Лукас Васкес погоди по само 55 секунди, а Килијан Мбапе пред крајот на првото полувреме зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Родриго во 48-та минута.

Потоа следуваше големо опуштање во тимот на Анчелоти, па Алавес сериозно се закани. Карлос Бенавидез во 85-та минута постигна гол, а во следната акција гостите погодија уште еднаш преку Кике Гарсија.

Победата на Реал висеше до крајот, но, сепак, успеаја да ги задржат трите бода во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести