Започнува Лигата на Европа, победи се очекуваат од Манчестер јунајтед и АЗ Алкмар (Фото)

6021 АЗ Алкмар – Елфсборг (18:45)

Холандскиот претставник во Лигата на Европа, АЗ Алкмар, е голем фаворит за победа против шведскиот Елфсборг и од нив се очекува тоа да го покажат и на теренот. Ова ќе биде историски, прв меѓусебен натпревар на овие две екипи, а во него домашните влегуваат со серија од три победи, но и низа од 19 меча без пораз.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.02)

 

6025 Галатасарај – ПАОК (21:00)

Галатасарај на крилјата на големата победа против Фенербахче во турското првенство вечерва го пречекува грчкиот ПАОК во меч кој од навивачки аспект ќе привлече најголемо внимание, пред сè поради големото ривалство на двете земји. Галатасарај има серија од четири победи по ред и на сите четири натпревари постигнуваше најмалку по три гола. На два од нив победи со по 3-1, еднаш со 5-1 и еднаш со 5-0.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.40)

 

6027 Манчестер јунајтед – Твенте (21:00)

На натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Твенте јасно е кој е фаворитот и сè освен убедлива победа на домашните ќе биде големо изненадување на овој натпревар. Црвените ѓаволи на последните три натпревари во Премиер лигата немаат пораз, а два од нив ги добија со 7-0 и 3-0.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.86)

 

6023 Андерлехт – Ференцварош (21:00)

Натпревар на екипи од Белгија и Унгарија, земји во кои се игра ефикасно, а така се очекува да биде и вечерва, на дуелот помеѓу Андерлехт и Ференцварош. Гостите на последните пет натпревари играа најмалку со по два гола, а кај домашните таков беше случајот на два од последните три меча.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)

 

6022 Бодо/Глимт – Порто (18:45)

Уште еден натпревар на кој се очекува ефикасен фудбал, но и голови во двете мрежи. Домашните ја имаат предноста на временските услови и вештачкиот терен, а гостите квалитетот, па доколку и двете екипи го искористат она што го поседуваат, нема сомнеж дека ќе се затресат и двете мрежи на мечот во Бодо.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.90)

- Оглас -

Најнови вести