Францускиот град Марсеј се понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година откако Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да одземе организацијата од стадионот „Сан Сиро“ во Милано поради планираните градежни работи во периодот кога треба да се игра финалето.
„А, зошто да не биде во Марсеј, на најубавиот стадион во Франција: „Велодром““, напиша Себастиен Жибраел, претставник на градските власти на Марсеј, на платформата Х, само неколку часа по одлуката на УЕФА.
Одлуката каде ќе се игра финалето на ЛШ во 2027 ќе се донесе во мај или јуни. Следните две финалиња во Лигата на шампионите ќе се играат во Минхен (2025) и Будимпешта (2026).